Самосојниот синдикат на новинарите денеска организира средба со претставници на медиумската заедница од Охрид. На средбата што ќе се одржи во 11 часот во хотел „Тони“ поканети се сите медиумски работници (новинари, сниматели, фоторепортери, технички кадар и други вработени во медиумите).

Според најавите ќе се разговора за ширење на мрежата на синдикално организирање во охридско-струшкиот регион, за напорите што ги прави ССНМ за промена на одредени негативни состојби во новинарството, од аспект на плати, придонесеи, нерегулиран дописнички статус, потпишување на грански колективни договори и други права предвидени во Законот за работни односи.

OhridNews