Како член на Меѓународната федерација на новинарите(IFJ), Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници од земјава започна со издавањето на прес легитимации за своите членови.
Оваа легитимација, претставува релевантен документ во најголем дел од земјите во светот, како и во организациите меѓу кои Обединетите Нации, НАТО и Европската Унија. Со неа, на медиумските работници им се овозможува низа попусти при посетата на музеи, театри, изложби, културни настани и транспорт.
Легитимацијата ќе има важност од две години, а оние кои се заинтересирани да бидат носители на овој документ треба да се обратат во канцелариите на ССНМ.
OhridNews