Денес, во просториите на ЈЗУ Општа болница- Охрид  претседателството на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита предводено од претседателот Љубиша Каранфилоски, и претставници на преговарачкиот тим на самостојниот синдикат во  преговорите со министерството за здравство, оддржа состанок со раководството на синдикалната организација при ЈЗУ Општа болница и поширокото синдикално членство во рамки на установата.

–    Присутните беа запознаени со текот на преговорите на самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита како репрезентативен синдикат, со министерството за здравство. Од страна на присутните беше дадена поддршка на преговарачкиот тим во насока на изнаоѓање конкретно решение и надминување на проблемите настанати при имплементација на проектот плаќање по учинок, изјави по средбата  м- р Невена Солевска, претседател на Синдикалната организација при ЈЗУ Општа болница. 

OhridNews