Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес во Куќа на Робевци
01.08.25 09:13
Самостојна изложба на ликовниот и визуелен уметник Сашо Блажес насловена „Нурни во мене“ ќе биде поставена во Куќа на Робевци вечерва во 20 часот.
После самостојните излагања во Париз и Венеција минатата година како и во Австрија и Италија минатите години, оваа година се претставува со една исклучителна изложба која што дел беше претставена во Музеј на град Скопје, а на 1-ви август ќе биде поставена во Куќата на Робевци во Охрид. Изложбата го носи насловот „Нурни во мене’’, а куратор на изложбата е Маја Чанкуловска, виш кустос при Националната Галерија од Скопје. Критички осврт и текст за изложбата имаат напишано Камило Ракана, куратор од Париз и Маја Чанкуловска, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Сашо Блажес е роден во 1980 година во Охрид, каде живее и работи. Дипломирал во 2006-та година на Универзитетот за ликовни уметности во Букурешт, Романија, како еден од најдобрите студенти во својата генерација. За време на магистерските студии (2006-2008) бил вклучен од катедрата за графика во изготвувањето на неколку универзитески трудови од областа на графиката и графичките техники на Универзитетот.
Зад себе има реализирано шестнаесет самостојни изложби во Македонија и во странство, а има учествувано на бројни групни изложби во Австрија, Германија, Романија, Шведска, Јапонија, САД, Канада, Италија, Бугарија. Негови дела се наоѓаат во приватни колекции во Норвешка, Франција, Германија, Романија и Австрија.
Фудбалерите на Охрид ја совладаа екипата на Преспа на гостувањето во Рерсен постигнувајќи резултат од 2:0 Двоен стрелец за екипата на Охрид Лихнидос беше Антонио Каланоски Натпреварот беше одигран...
На 31102025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода 48-годишно лице од селото Подмоље, охридско При претрес во поранешен угостителски објект во селото Ме...
На 31102025 во СВР Охрид, во присуство на нивните родители и правен застапник, извршени се службени разговори со двајца малолетници од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека на плоштадот „Ми...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.