Тренерот на Севилја Хорхе Сампаоли ја отфрли можноста по завршувањето на сезоната да го замени Луис Енрике во Барселона, порачувајќи дека „до смрт е поврзан со овој проект на Севилја“.
Севилја во последниот меч од 26-та рунда го победи Атлетик Билбао (1:0), а по мечот шпанските новинари го прашаа Сампаоли дали ќе се пресели во Барселона.
„Да одам во Барселона? На тоа прашање немам одговор. Не знам што се шпекулира, но во овој дел од сезоната не гледам смисол да дискутирам за тоа. До смрт сум поврзан со овој проект на Севилја“, изјави Сампоили.
Хорхе Сампаоли минатото лето ја презеде Севилја, а неговиот договор важи до летото 2018 година.
Како што рекол на прес конференцијата, во наредните денови, тој ќе ги започне преговорите за породолжување на договорот.
OhridNews