Гостите од Џенова го освоија целиот плен на „Олимпико“ совладувајќи ја Рома со 2-0 во последниот натпревар од 27-та рунда во Серија А.
„Волчицата“ не само што го загуби чекорот со Јувентус во трката за титулата туку го доведе во неизвесност пласманот на втората позиција.
Конкурентите на „џалоросите“, Наполи и Лацио се доближија на еден односно четири бодови.
Резултати : Фиорентина – Милан 2-1, Торино – Лацио 0-2, Рома – Сампдорија 0-2.
Табела : Јувентус 64, Рома 50, Лацио 49, Наполи 46, Фиорентина 45, Сампдорија 45…
Мх.П.