Кошаркарите на Сан Антонио се на една победа пред титулата во НБА лигата. Доцна синоќа по наше време го совладаа Кливленд на негов терен со 75-72 и поведоа со 3-0 во победи. Најзалслужен за триумфот на „Мамузите“ е Тони Паркер кој со маестрална игра во вториот дел практично сам го победи Кливленд (Данкан и Џинобили играа невообичаено слабо). Според некои извори Паркер веројатно ќе биде прогласен за МВП (најкорисен играч) на финалната серија.
Следниот, четврти и можеби последен натпревар е на 14-ти јуни.