Финалниот натпревар од Лигата на шампиони во 2016 година ќе се игра во Милано, додела финалето од Европската лига ќе се игра во Базел, соопшти во четвртокот УЕФА.
Стадионот Сан Сиро со тоа по четврти пат во историјата ќе биде домаќин на меч за титулата европски клупски првак по 1965, 1970 и 2001 година.
Минатото финале се одигра во Лисабон, а во оваа сезона домаќи на финалниот натпревар ќе биде Берлин.
Стадионот на Базел, Сент Јакон Парк за прв пат ќе биде домаќин а финале на натпреварот во Европска лига, а домаќин на финалето во оваа сезона ќе биде Варшава.
УЕФА одлучи натпреварот од Суперкупот меѓу победникот на Лигата на шампиони и на Европската лига ќе се одржи во норвешки Трондхајм.
„Макфакс“