Агентите од Алексис Санчез и клубот од Емирати водат напорни и долги преговори околу договарање на нова соработка, односно на продолжување на договорот.
Чилеанскиот репрезентативец ја одби првата понуда од 180 000 фунти неделно, веднаш потоа настана сериозна паника во Арсенал, а останатите клубови од Премиер лигата чекаат на готовс.
Санчез, важечки договор со „топчиите“ има до јуни 2018 година, а преговорите се водат за нова соработка до 2021 година.
Напаѓачот игра брилијатно оваа сезона, постигнувајќи 14 погодоци, а со Месут Озил заедно се движечка сила во екипата на Арсенал кој исто така води преговори за нов договор.
OhridNews