Летниот одмор заврши за Алексис Санчез. Чилеанскиот репрезентативец и се приклучи на екипата на Арсенал и во ист ритам тренираше со останатите играчи.
Санчез влегува во последната година од договорот со Арсенал и имаше многу нагодувања околу неговата иднина. Неговото име беше поврзувано со неколку клубови, но никој од нив не успеа да го убеди Чилеанецот.
– Мојата одлука е јасна, тој останува во Арсенал. Мора тоа да го прифати тој и сите други чинители. Тој ќе биде тука оваа сезона, а можеби и повеќе ако издејствуваме добро. – изјави Венгер.
Офанзивецот на Емирати пристигна од Барселона и се промовираше во ударна игла на „топчиите“.
OhridNews