Екипата на Сандерленд е прва која официјално по завршување на сезона ќе се збогува со елитното фудбалско друштво, откако ги загуби и теоретските шанси за опстанок во Премиер лигата.


На „црните мачки“ им пресуди составот на Бурнмаут кој победи со минимални 1-0. Стрелец на победничкиот погодок беше Џошуа Кинг во 88-та минута од натпреварот.


Значаен бод во борбата за живот во Премиер лига освои Хул кој ремизираше без голови 0-0 на гостувањето кај Саутемптон.

Резултати: Саутемптон – Хул 0-0, Стоук – Вест Хем 0-0, Сандерленд – Бурнмаут 0-1, ВБА – Лестер 0-1, Кристал Палас – Барнли.

OhridNews