Граѓаните на неколку наврати реагираа дека успорувачите на брзина се делумно оштетени, а OhridNews пред подолг период извести за ваквата ситуација.
Деновиве, „лежечките полицајци“ на повеќе фрекфентни улици се повторно ставени во употреба, а оние оштетените се санирани или заменети со нови.
сликата од пред неколку месеци
Од локалната самоуправа пред два месеци истакнаа дека ќе се врши промена на досегашната локација на успорувачите на брзина, односно санација на оштетените во идниот период.
останува да се санираат успорувачите на помалите охридски улици
Останува да се санираат уште успорувачите на брзина во помалите охридски улички, односно во подалечните приградски населби.
О.Т.