Голем дефект на водоводната мрежа, пукната цевка со профил 200мм во непристапен терен, вчера од 18:30 часот ги остави повеќе часови без вода жителите на Пештани.

По неколку часовна интензивна работа екипи на ЈП „Водовод“ Охрид успеаја да го санираат дефектот и околу 4 часот утрото водоснабдувањето во Пештани е нормализирано.

OhridNews