Привршуваат активностите за санација на Мостот на желбите, кој пред еден месец беше оштетен од големите бранови и надојдената езерска вода.


Како што информираат од плажа ресторанот „Потпеш“, со чии средства се изврши санацијата, останува уште да се поправат мали делови од мостот и да се постават клупите за седење.


Потенцираат дека сите активности за санација на мостот, кој веќе неколку дена е прооден, ќе бидат во целост завршени до претстојните првомајски и Велигденски празници.

OhridNews