Ј.П “Македонија пат”- секција Охрид, интензивно продолжува со асфалтирање на ударните оштетувања на патот кој води кон селото Лескоец, на делницата од кружниот тек кај ресторанот Панорама до Градските гробишта.
Ова е втората етапа од поправката на патната мрежа во Охрид, после санацијата на патот од булеварот “Туристичка”, па се до хотелот “Гранит”.
Според информациите на “Македонија пат”, до сега се санирани оштетувања од преку 1500 м2, а активностите за поправка и нормално функционирање на регионалните и локалните патни правци ќе продолжат и понатаму.
OhridNews