Откако денеска се санира оштетениот мост на планинскиот превој Стража, веќе од утре сообраќајот ќе се нормализира.

Како што информираат од А.Д. „Галеб“ Охрид, утринскиот автобус во 5:30 Охрид – Скопје „виа“ Кичево, ќе сообраќа преку Стража.
Инаку, од петокот возилата потешки од 7,5 тони и автобусите, се пренасочуваа по алтернативни патишта поради оштетениот мост на планинскиот превој Стража
OhridNews












