После долг период, во кругот на Општата болница Охрид решен е еден од проблемите кој ги засегаше како пациентите така и вработените во оваа установа.

По налог на Општина Охрид изминатиот викенд се изврши интервентна санација на ударните дупки во кругот на здравствената установа, а  целосно се асфалтира улицата пред комерцијалната зграда во која покрај техничките служби се сместени и одделенијата за радиологија, физикална медицина, трансфузиологија и биохемиска лабораторија, информираат од Општата болница Охрид.

Директорот на Општата болница Охрид, спец. д-р Горан Маркоски, упати  благодарност до Општина Охрид и градоначалникот Кирил Пецаков со чија помош и поддршка се реализира овој проект# стои во објавата.

OhridNews