СВР Охрид во текот на вчерашнито ден санкционира 12 возачи во Охрид.
На 12.09.2021 година од 15 до 20 часот, при извршени сообраќајни контроли на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници регистрирале и санкционирале 23 возачи на патнички моторни возила кои, претекнале други возила на места каде е забрането престигнување (Охрид-12, Струга-04, Кичево-04, Дебар-03).
Сообраќајните контроли кои континуирано се преземаат, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.












