На 11/12.06.2022 година од 23 до 02 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени сообраќајни акциски контроли.
Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 27 возачи на моторни возила кои ја надминале дозволената брзина на движење (Охрид-10, Струга-09, Дебар-08). Дополнително, од сообраќај се исклучени 21 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-16, Кичево-05). Ним им се одземени возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












