На 13.07.2022 година во периодот од 21.00 до 24.00 часот на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.
Притоа, полициските службеници затекнаа и санкционираа 19 возачи на моторни возила кои во и надвор од населено место, управувале моторно возило со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид 5, во Струга 10 и во Кичево 4, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.
OhridNews












