Вчера од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената.

Притоа, полициските службеници санкционираа 59 возачи на моторни возила: Охрид-11, Струга-25, Кичево-08, Дебар-15. – информира СВР Охрид.

Засилените акциски контроли продолжуваат во текот на туристичката сезона со цел зголемена безбедност во сообраќајот.. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопшти СВР Охрид.

OhridNews