Санкциониран возач со 4.07 промили алкохол во Струга, информираше Министерството за внатрешни работи.

Во 13.34 часот денеска полициски службеници од СВР Охрид – ОВР Струга, при сообраќајна контрола на патничко моторно возило „опел астра“ со охридски регистарски ознаки во Струга, го санкционираа возачот К.Б., бидејќи по извршеното алкотестирање, биле измерени 4.07 промили на алкохол, се појаснува во соопштението.

Лицето било исклучено од сообраќај, одземена му е возачката дозвола и поднесен е соодветен поднесок.

OhridNews