Санкции и прекршочни пријави против несовесни скутерџии
16.07.12 00:05
Езерската полиција и Капетанијата на пристаништата ги засилија контролите на Охридското Езеро по неколкуте несреќи што деновиве ги предизвикаа скутери, во кои едно лице го загуби животот, а три беа повредени.
-Направивме контрола во струшкото крајбрежје заедно со Капетанијата и поднесовме3 прекршочни пријави против лица кои управуваа скутери во безбедносната зона од 300 метри оддалеченост од крајбрежјето, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
Со цел да се спречат несреќите, Министерството за транспорт и врски осум дена порано од предвиденото, ја активираше забраната за пловидба на скутери во периодот од 11 до 18 часот. Посетителите на плажите ја поздравуваат таквата одлука, но сметаат дека таа само по себе нема да ја подобри безбедноста на капалиштата, доколку не биде доследно спроведена.
-Дефинитивно тоа е добра одлука, но за да функционира во реалноста ќе треба надлежните институции да ги засилат контролите и да ги казнуваат прекршителите, бидејќи не се чувствуваме безбедно на плажите, вели турист
-Треба повеќе да се присутни надлежните служби на плажите, додава друг турист.
Покрај во вода, посетителите на плажите реба да внимаваат и на личните работи кои ги носат со себе, бидејќи со зголемувањето на бројот на туристи расте и бројот на кражби. Деновиве охридската полиција во соработка со секторите за внатрешни работи од други градови разби петчлена криминална група која оперирала на плажите во Охрид и Струга.
Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“...
Во Струга во септември ќе почне со работа првиот Центар за аутизам Во оваа насока во просториите на Општина Струга беше потпишан договор за соработка помеѓу Општина Струга и Здружението за поддршка...
Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“ Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.