На двајца  вработени во СВР Охрид изречена им е мерка парична казна заради пречекорување на службените овластувања согласно одредбите од Колективниот договор, соопшти МВР.

На виш инспектор во сектор за внатрешни работи Охрид, изречена му е парична казна во износ од 15% од месечната  плата во наредните два месеци, затоа што навремено не изготвил записници по извршен увид.

Парична казна во износ од 15% од месечната плата во траење од еден месец поради неизвршување наредба од претпоставен старешина изречена му е и на полициски службеник во полициска станица Охрид.

Парично се казнети и двајца полициски службеници во полициска станица Струга. Тие во наредните шест месеци ќе земаат 15% помала плата затоа што им избегало приведено лице.

OhridNews