Санта Аргирова е предлогот на СДСМ за нов главен уредник на МТВ кој треба да стапи на функција од први септември. Се очекува предлогот на опозицијата да биде прифатен и од трите партии потписници на Договорот од Пржино.

Санта Аргирова новинарската кариера ја започна во МТВ, работеше во надворешно-политичката рубрика, потоа во МНР во кабинетот на министерката Илинка Митрева, по што следуваа работните места во ТВ Телма и Алфа.

OhridNews
извор Телма