Навивачите на Реал Мадрид со специјална кореографија, громогласен аплауз и со извикување на неговото име пред почетокот на мечот со Гранада го поздравија Кристијано Роналдо кој ја освои „Златната топка“ која ја доделува Франс фудбал. Португалскиот репрезентативец четири пати ја освојуваше награда за најдобар играч, а 2016 година беше една од најдобрите за него и за „кралскиот“ клуб.
OhridNews