Сантиметар по сантиметар, продолжува намалувањето на водостојот на Охридското Езеро, загрозен еколошкиот минимум
26.11.20 18:31
Нивото на Охридското Езеро и натаму опаѓа. Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, тоа се наоѓа на 693,08 метри надморска височина, што е два сантиметри под дозволениот минимум кој се смета за долна природна граница (693,10 м.н.в.) и 9 сантиметри под котата утврдена во Билатералниот договор склучен со Република Албанија (693,17 м.н.в.).
Експертите велат дека осцилациите на Охридското Езеро, но и на останатите водни ресурси кај нас, но и пошироко, се чести во изминатите години. Според научната јавност таквиот неповолен хидролошки тренд е комбинација на фактори кои се должат пред се на климатските промени и човечката негрижа. Оттаму приоритет несомнено треба да биде грижата за водните ресурси и пред се нивно паметно искористување, вели науката.
И оваа есен е исклучително сушна, без вообичаените врнежи за овој период од годината. Според најавите таквиот тренд ќе продолжи, што дополнително ќе ја влоши ионака лошата хидролошка состојба.
Со цел да се заштити животната средина и биодиверзитетот на Охридското Езеро, потребно е привремено да се запре со производство на електрична енергија од хидропотенцијалите по течението на Дрим, беше договорено на онлајн состанокот помеѓу премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски, што се одржа на почетокот од месецов.
Во информцијата доставена од страна на АД ЕСМ до Владата за состојбата со природните езера и вештачките акумулации, се наведува дека водата во езерата e искористeна во пообемна мера и секој понатамошен истек ќе го загрози еколошкиот минимум на котите, неопходен за живиот свет.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз...
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, ќе бидат п...
Во дерби натпреварот од 17 коло од Супер лигата, ГРК Охрид денеска ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер Мечот се игра во „Билјанини извори“ со почеток во 18 часот, а вратите на салата се затво...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.