Организацијата “SupportKocani” соопшти дека извршила втора распределба на средства на повредени во катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во Кочани. Собрани се вкупно 10.944.793 денари од компании, здруженија, групни и хуманитарни акции.

Од тие средства на име персонален данок на државата и се исплатени 1.094.493 денари, а останатите рамномерно се исплатени на 137 лица кои изразиле потреба од финансиска помош. Секое од нив доби 71.900 денари, објави на Фејсбук организацијата.

Почитувани, преку овој графикон транспарентно ја споделуваме информацијата за втората распределбата на средствата од заедничката сметка за донации преку SupportKocani, кои беа собрани по трагедијата што нè погоди.

Ви благодариме на сите што помогнавте со донација, организација или поддршка.
Овие дела се доказ дека кога сме обединети, можеме да направиме дела кои вистински значат, соопшти организацијата.

OhridNews