Сапуницата околу иднината на Џајнлујџи Донарума заврши, откако двете страни најдоа заеднички јазик и младиот голман со клубот од Сан Сиро потпиша нов четиригодишен договор.
18-годишниот Донарума првично го одби понудениот договор по што беше нападнат од навивачита на Милан. Сепак, долгите преговори вродија со плод и голманот останува во Милан најмалку уште четири години.
По продолжувањето на договорот со Донарума и ангажманот на седум нови фудбалери „росонерите“ можат да се фокусираат на предизвици кои ги очекуваат.
Покрај младиот Џиџи договор со Милан потпиша и неговиот постар брат 27-годишниот Антонио кој доаѓа од тимот на Астерас Триполис.
OhridNews