Тој ги советува македонските граѓани да извршат замена на старите светилки со нови енергетски поефикасни, изолирање на прозорците и таваните во домовите, купување на апарати за домаќинство со поголема енергетска ефикасност, се со цел поголема заштеда на струја.
– Со поефикасно затоплување, поефикасна изолација и поефикасно осветлување може да заштедиме од 20 до 40 проценти од трошоците за енергија, а државата може да заштеди околу 700 гигавати-часови, посочи Сарачини.
Мерките и советите кои ги дава министерството се содржани во во новата брошура „Штеди, вклучи го мозокот, исклучи ја струјата“.