Просторот кај месноста Сараиште е подготвен за одражување на традиционалната манифестација Денот на рибарите која се организира по повод празникот Свети Јован Крстител. Според најавите манифестацијата ќе започне во 12 часот.

За подготовка на рибната чорба ќе бидат задолжени учениците од Средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“, а за подготовка на пачата, која исто како и чорбата бесплатно ќе се дели на посетителите, ќе се погрижат студентите од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Освен традиционалните специјалитети, на Сараиште ќе служи и греана ракија и вино, а присутните ќе може да уживаат звуците на староградските песни, во интерпретација на охридската група „Билјана Јуниор“.

На овој ден тимовите за логистика на Црвен крст Охрид ќе распределат дел од рибината чорба во семејствата со социјален ризик во Охрид како и на лица со хендикеп и стари лица кои не се во можност да присуствуваат на овој настан.

OhridNews