Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Челси остана без тренер а италијанскиот првак, Јувентус доби нов предводник откако „сините“ го официјализираа враќањето на Маурицио Сари во „калчо лигата“.

60-годишниот Сари кој мина само една сезона во англиската Премиер лигата со „бјанконерите“ потпиша тригодишен договор и во клубот ќе остане до јуни 2022 година.

Искусниот италијански стручњак во Јувентус ќе го замени Масимилијано Алегри, кој спогодбено го раскина договорот со клубот после пет години соработка. Сари со своето знаење има задача да го продолжи континуитет на „старата дама“ во Серија А и да се обиде да стигне до титулата во Лигата на Шампиони.

Челси, пак, во следниов период треба да назначи нов менаџер а како прв фаворит се смета клупската легенда Френк Лампард и Жозе Мурињо, кој еднаш се враќаше на Стемфорд Бриџ.

OhridNews