Новиот предводник на Челси, Маурицио Сари за прв помошник во стручниот штаб го назначи својот сонародник и поранешен фудбалер на „сините“, Џанфранко Ѕола.
Ѕола седум години го носеше дресот на Челси и стана еден од омилените ликови на „Стемфорд Бриџ“. 53-годишниот италијанец ја носеше капитенската лента во ерата пред рускиот тајкун Роман Абрамовиќ да го преземе клубот
Сари својот сонародник го приклучи во стручниот штаб поради искуството играјќи и водејќи екипи во Премиер лигата. По завршувањето на карирата Ѕола ги водеше Вест Хем, Ватфорд, Каљари, Ал Араби, Каљари, Бирмингем и селекцијата на Италија до 16 години.
„Сините“, заедно со новиот стручњак и помошник отпатуваа во Австралија и ќе се задржат две седмици. Таму ќе им се приклучат фудбалерите, кои, беа дел од завршницата на Мундијалот во Русија.
Премиер лигата започнува во петок на 10 август.
OhridNews