Екипата на Наполи комплетно ја врати неизвесноста во борбата за титулата во Серија А, откако со 1-0 го совлада Јувентус во дерби сребдата која се одигра во Торино. Разликата помеѓу двете екипи на четири мечеви до крајот на италијанскиот шампионат изнесува еден бод.
– Ние не покажавме совршената игра. Неопходно беше малку порано да дојдеме до резултат со цел порано да ја обезбедиме победата. Бевме супериорни на физички план. Го контролиравме текот на играта. Нашата победа е логичен резултат – изјави тренерот на Наполи, Маурицио Сари и додаде – Мило ми е што победивме, но ништо не е променето. Јувентус се уште е на пол-позицијата. Ние се вративме во комбинација и ќе чекаме шанса од втор план.
Во следната рунда Јувентус гостува кај Интер, а Наполи ќе се судри со Фиорентина на „Артемио Франки“. До крајот на Серија А, Јувентус ќе ги одмери силите со Болоња и Верона на домашен односно Рома на гостински терен. Наполи гостува во Сампдроија, а домаќин ќе им биде на Торино и Кротоне.
OhridNews