Италијанскиот фудбалски стручњак Маурицио Сари постигнал договор со Челзи и ќе го замени досегашниот тренер Антонио Конте.

Како што објави „Скај Спорт“, прв помошник на Сари во лондонскиот клуб ќе му биде Џанфранко Ѕола. Според англиските медиуми Сари со Челзи ќе потпише тригодишен договор.

По неколкумесечни гласини за заминувањето на Конте, раководството на клубот и италијанскиот тренер оваа седмица ја раскинаа соработката.

Маурицио Сари минатата сезона го предводеше Наполи, а Челзи ќе треба да му исплати обештетување на италијанскиот клуб за овој трансфер.

OhridNews