Италијанскиот стратег на клупата од Челси, Маурицио Сари не се ракуваше со Пеп Гвардиола после завршувањето на мечот кој Манчестер Сити го доби со високи 6-0. Шпанскиот стручњак верува дека не го видел, бидејќи има добри односи со менаџерот на „сините“.

  • Изгледа не ме виде и веднаш отиде во соблекувалните. Имам добар однос со него и нема никакви проблеми. Луѓето не разбираат дека тренерската работа е многу тешка. Очекуваат од менаџеро да донесе неколку нови играчи и се да почне да функционира беспрекорно. Не оди тоа така, неопходно е време и многу работа. – изјави Гвардиола.

Челси на последните две гостувања претрпе два порази со вкупна гол разлика 10-0, што не ретко туку никогаш не му се има случено во Премиер лигата. Италијанецот е под голем притисок, бидејќи Челси сега веќе заостанува во битката за пласман во ТОП 4.

OhridNews