Освојувачот на трофејот во Лигата на Европа, Челси ќе одигра клучна улога во тренерската вртелешка која ќе случи помеѓу неколку клубови на стариот континент.

Маурицио Сари после само една сезона која беше мошне турбулетна ќе замине од Лондон и ќе го преземе кормилото на Јувентус. „Старата дама“ се раздели со Масимилијано Алегри а за наследник го одбра Сари, кој пред да замине во Англија работеше во Наполи.

Менаџерската позиција во Челси ќе ја пополни Френк Лампард. Клупската легенда имаше релативно успешен почеток во тренерскиот занает водејќи го Дерби во финалето од баражот за пласман во Премиер лигата. Лампард сигурно ќе ја има поддршката од навивачите а последниот збор го има клубот кој има забрана за трансфери.

 

Алегри пак објави дека ќе паузира и сезоната која доаѓа нема да работи и ќе ја чека најдобрата понудата за следната сезона.

OhridNews