Директорот на ЈП „Охридско Комуналец“ на прес конференција, денеска, ги отфрли обвинувањата наведени во кривичната пријава поднесена неодамна против него, во која тој се товари за „послужување во службата“, односно за несоодветно користење на службено возило за патување во странство.

-Ова е уште една од низата фабрикувани кривични пријави од МВР, односно од дел на вработени кои постојано се обидуваат да ме оцрнат мене, ЈП „Охридски Комуналец“, и пред се да го нарушат мојот и угледот на градоначалникот на Охрид. –изјави Алче.

Тој истакна дека кривичната пријаца е  фабрикувана и неточна од причини што во неа се наведува дека во јануари 2012 година го искористил возилото за приватни потреби за патување во Србија  без да поседува соодветни назлози за патување во странство, а истото било набавено во февруари 2012 година, за што тој презентираше нотарски договор и други документи.

-Дека ова е фабрикувана кривична и дека е  направена непрофесионално говори и тоа што во билтенот на МВР ми е згрешен датумот на раѓање и функцијата, а и не бев повикан на информативен разговор во полиција во врска со случајот, рече Алче.

Тој најави дека ќе поднесе пријава до Секторот за внтарешна контрола и професионални стандарди на МВР и кривична пријава против непознато лице , како и дека за случајот ќе ги извести странските амбасади и невладините организации во земјата.

-Ќе ги запознам дека тенденциозно ми се нарушуваат човековите права. Не е случајно што сега пред локалните избори се случуваат вакви работи. Ова е трета кривична пријава поднесена со интенција против мене со цел да се наруши мојот углед, со што се загрозува и мојата политичка кариера, додаде Алче.

OhridNews