– Иако мојот мандат не е завршен според Решението за Директор на Ј.П.”Охридски Комуналец”, во интерес на успешното функционирање на претпријатието, квалитетното и навремено извршување на секојдневните обврски и задолженија, денеска доставив барање до Градоначалникот Никола Бакрачески од 08.04.2013 година да постави нов В.Д. Директор на Ј.П.”Охридски Комуналец”, вели Алчев.
Алчев додава дека на новиот градоначалник му посакува успешен мандат и дека се надева дека неговиот наследник целосно ќе биде посветен на подигнувањето на степенот на услужната хигиена, јавна хигиена и јавното зеленило на уште повисок степен, се’ со цел да бидат задоволени потребите и проблемите на охриѓани.