Сатеска и БЗ Груп ќе играат во големото финале на 28. издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино, откако вечерва славеа во полуфиналните пресметки.
Возбудливо беше првото полуфинале во кое БЗ Груп со пресврт го совлада Инекс Олгица со 2:1. Инекс Олгица прв дојде до водство, но БЗ Груп успеа да го сврти резултатот и да избори пласман во мечот за трофејот.
Бранителот на трофејот Сатеска продолжува во трката за нов, откако во интересен и динамичен натпревар го совлада ДОЕЛ Ноче со 2:0 и обезбеди место во финалето.
Полуфинале:
Инекс Олгица – БЗ Груп 1:2
Сатеска – ДОЕЛ Ноче 2:0
Големата завршница на „Богородица куп 2026“ е на 28 август, на празникот Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица.
Во натпреварот за третото место ќе се сретнат Инекс Олгица и ДОЕЛ Ноче, додека во големото финале силите ќе ги одмерат БЗ Груп и Сатеска.
Сатеска ќе го брани трофејот на „Богородица куп“, БЗ Груп со пресврт до финалето
Г.М.























































