Познати се првите три четвртфиналисти на „Богородица куп 2026“ во Волино. Сатеска, Асп Пак и Аце Најдески славеа во синоќешните осминафинални натпревари и го продолжуваат настапот на турнирот.
Сатеска го совлада Др. Баткоски со 4:2, додека најнеизвесна беше пресметката меѓу Асп Пак и Златара Бени Ерол, која заврши со минимална победа на Асп Пак од 5:4.
Во последниот натпревар од вечерта Аце Најдески беше убедлив против Мики Про Керамика и славеше со 6:1.
Резултати – 1/8 финале:
Сатеска – Др. Баткоски 4:2
Асп Пак – Златара Бени Ерол 5:4
Аце Најдески – Мики Про Керамика 6:1
Осминафиналните возбудувања продолжуваат вечерва со две средби. Од 20:30 часот ќе играат Киоск Кај Бироно и Викса Пром, а од 21:30 часот Инекс Олгица и Охридски бисер Филеви.
Г.М.











