Екипите на Сатеска и АСП Пак ќе ги одмерат силите во финалето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Јован Стојаноски 2019“, кој се одржува во СРЦ „Климент Колески“.

Во полуфиналните пресметки, Сатеска со убедливи 6-0 (2-0) го совлада тимот на Златара Бени и Ерол додека АСП Пак подобар беше од Такси Мече со 4-2 (4-0).

Финалната разврска од турнирот ќе се одржи в понеделник.со почеток во 20 часот и 30 минути. Вкупниот награден фонд на турнирот изнесува 300 000 денари.

OhridNews