Несомнено дека еден од најголемите загадувачи на Охридското Езеро е реката Сатеска, чии води спаѓаат во четвртта категорија.

Ако се знае фактот дека оваа река поминувајќи низ земјоделските површини со себе носи големи количини наноси од песок и пестициди, очигледно е нејзиното  штетно влијае врз целокупниот жив свет во езерото.

Инаку, екологистите и научните работници од Охрид, веќе долг временски период дебатираат за тоа дали да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска беше пренасочена во Охридското Езеро.

О.Т.