Сатеска и Дебрца ќе се сретнат во финалето од завршницата во Општинската фудбалска лига кое ќе се игра в среда на стадионот „Атина Бојаџи“.

Во квалитетен и до самиот крај неизвесен натпревар екипата на Сатеска со 1-0 ја совлада Воска. Стрелец на погодок вреден пласман во финалето беше Никола Секуловски во првиот дел.

По освојувањето на Општинскиот куп, Сатеска со евентуална победа против Дебрца во финалето ќе ги обедини титулите и ќе обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига.

Мх.П.