Екологистите и научните работници од Охрид, веќе долг временски период дебатираат за тоа дали да се исправи грешката од 60-тите години, кога реката Сатеска е пренасочена во Охридското Езеро. Многумина сметаат дека наносите од песок и друг цврст материјал, како и големите количества пестициди кои со себе ги носи оваа река, штетно влијаат на езерото.

Според д-р Здравко Крстаноски, од Хидробиолошкиот завод, истакна дека негативното дејство на Сатеска Река може да се анализира од два аспекти.

Сатеска е рак рана на Охридското Езеро, која е внесена во 60-тите години без никакво значење за езерото. Нејзиното негативно дејство можеме да го анализираме во два моменти. Најпрво геолошкиот нанос, а второ минувајќи низ земјоделските површини носи огромни количества на пестициди кои се вливаат ов езерото. Паралено на тоа навлегува во хидробиотите, во нивната исхрана и преку ланецот на исхрана доаѓа до човекот.“ – истакна д-р Крстаноски.

Според него, треба да се направи стратегија и Сатеска да се врати во сливното подрачје на Црн Дрим.

Езерото не можете да го затворите па да го исчистете. Сатеска со внесување носи 200 милиметри кубни вода кои не му се потребни на езерото. Мислењата дека му требаат тие води на езерото, не се точни, бидејќи Охридското Езеро е од прва и втора категорија, а Сатеска носи вода од четврта категорија.“ – додава д-р Крстаноски.

Со сличен став е Ѓоко Зороски од Еколошкото друштво „Грашница“, кој на неодамнешната трибина „Управување со Националните паркови, заштита на животната средина и валоризација“, истакна дека потребно е реката Сатеска да се пренасочи кон Црн Дрим.

Со пренасочување на Сатеска кон Црн Дрим, би се избегнале тие големи количества внесен нанос во езерото. Постојат дебати за нејзино пренасочување, но со дополнителни количини нанос трофичката состојба на Охридското Езеро се загрозува.“ – истакна Зороски.

Поради обилните врнежи од дожд, нивото на вода во реката Сатеска е енормно зголемено, кое со себе носи отпад  и геолошки нанос кој го загадува Охридското Езеро.

О.Т.