Заради намалувањето на дотокот на вода во Охридското Езеро преку реката Сатеска, во текот на вчерашниот ден екипите на ЕЛЕМ и ВОЕ(Водостопанство Охридско Езеро) отвориле уште една преграда кај распределителната во селото Волино, со цел пренасочување на водата од оваа река кон нејзиното старо корито, односно кон реката Црн Дрим.
Како што соопштуваат од Центарот за управување со кризи, водостојот во Охрдското Езеро е покачен за 27 сантиметри над максимално дозволената кота, но екипите на РЦУК-Охрид информираат дека забележано е намалување на нивото на вода во сите речни текови.
Инаку, реката Сатеска која претставува една од најголемите загадувачи на езерото, е внесена во охридското сливно подрачје во 60-тите години од минатиот век.
OhridNews