Екипата на Сатеска е првиот патник во финалето од Општинскиот фудбалски куп во Охрид. Противникот на “црвените“ во финалето ќе биде победникот од дуелот Свети Петар и Павле – Вулкан.

Во полуфиналето Сатеска со 4-1 ја совлада Воска додека Св. Петар и Павле после изведување на пеналите триумфираше против Дебрца со 5-4 откако регуларниот дел од мечот заврши без победник 3-3.

Мх.П.