Екипата на Саутемптон е првиот финалист во англискиот Лига куп, откако во полуфиналниот двомеч го елиминираше Ливерпул со 2-0 вкупен резултат.


„Светците“ на Енфилд допатуваат со минимална предност (1-0). „Црвените“ напаѓаа и притискаа, но најдоа начин да ја затресат мрежата. Тоа им појде од рака на гостите кои со гол во судиското продолежние го чекираа билетот за Вембли.


Противник на Саутемптон на Вембли во финалето ќе му биде подобриот од двомечот меѓу Хул и Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ на првиот натпревар на Олд Трафорд славеа со 2-0.

 
OhridNews