Се подготвуваме максимално, но мислам дека не очекува еден многу тежок натпревар. Со дисциплина во играта, максимална борбеност и поддршка од охридската публика во сабота одиме на победа, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски, пред натпреварот со Алкалоид.

Од клубот посочуваат дека, поради големиот интерес, продажбата на карти ќе започне од денес од 17.30 часот на билетарата при СРЦ „Билјанини Извори“.

Натпреварот Охрид-Алкалоид се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:30 часот.

OhridNews