Ракометарите на Охрид во 3 коло од ЕХФ Европскиот куп ќе се сретнат со екипата на МРК Слога Добој од Босна и Херцеговина.

Пред нас е важен натпревар против екипата на Слога Добој. Мора да влеземе максимално мотивирани и концентрирани. Ги почитуваме противниците, но ќе дадеме сè од себе за да победиме со што поголема разлика на домашен терен. Ги повикувам нашите навивачи да не поддржат во што поголем број, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Давид Савревски.

Првиот меч се игра во недела, 16 ноември, во салата „Билјанини Извори“ во Охрид со почеток во 18 часот.  Реваншот е на 22 ноември во Добој.

OhridNews